Maja Кикириткова за CRNOBELO: „Зошто веќе 3 години секој ден го започнувам со мача?“
- Детали
- петок, 27 јуни 2025
„Многу луѓе за мачата ме прашуваат - како ја пиеш, нели ти има вкус на земја? Јас ја пијам уште пред да стане тренд во Македонија, а првиот пат кога си ја приготвив ми имаше ужасен вкус, но денес ја обожавам“, вели дизајнерката Мајa Кикириткова.

Мајa Кикириткова, модна дизајнерка, универзитетска професорка и инфлуенсерка, веќе три години денот го започнува со мача.
Овој пијалак е особено актуелен во Македонија во последната година и се служи во сè поголем број на локали.
Но, Маја вели дека најубавата мача си ја пие дома – приготвена од нејзините раце.
Маја за љубовта кон мачата за CRNOBELO.com вели:
„Мача првпат пробав пред 5 години, лошо ја направив, ужасна беше – денес ја обожавам.

Мачата за мене претставува стил на живот. Тоа е всушност зелен чај чии листови се сушени во сенка, потоа сомелени и на тој начин се консумира целиот лист.
Мачата е голем антиоксиданс и според едно истражување, луѓето кои барем три пати неделно пијат мача, имаат помали шанси да заболат од каков било вид на карцином.

Во Јапонија се консумира со децении.
Прв пат пробав пред 5 години, сама ја приготвив дома и навистина беше најгрозното нешто што го имам пробано. Всушност, не знаев како да ја приготвам.
Потоа уште неколку пати направив, додека да дојдам до совршениот, за мене, рецепт.

Интензивно, секое утро, мача пијам повеќе од три години.
Кај нас последната година стана тренд.

