Филип од Куманово ја запроси саканата Јелена во Египет: „Растевме и си игравме заедно како деца“
- Детали
- сабота, 28 јуни 2025
„Љубовта со Филип беше на прв поглед. Ме запроси во Египет, на најубавата плажа во Хургада – Paradise Island“, вели кумановката Јелена за романтичното запросување што ѝ го приредил саканиот.

Филип Ставревски ѝ приреди романтично запросување на саканата Јелена Пауновиќ во Хургада, Египет.
25-годишната Јелена и 26-годишнито Филип, и двајцата од Куманово, биле на познатата плажа Paradise Island, кога Филип ја изненадил со веренички прстен.
За CRNOBELO.com, Јелена споделува детали од убавиот момент:
„Јас и Филип всушност се знаеме уште од мали, нашите родители се блиски пријатели. Растевме и игравме заедно.
Но, како растевме секој си тргна по свој пат за сега, после многу години, патиштата да ни се сретнат пак и љубовта да се круниса со брак. Љубовта со Филип беше љубов на прв поглед.
Кога го видов после многу години, почувствував и си реков во овој дечко има нешто и не се излажав. Многу брзо почнавме врска и заеднички живот.
Филип прстенот го купил уште во март ама чекал посебен момент. И да, навистина, нашето запросување беше вистинска бајка.