Јелена Спенџарска се потсети на првото интервју со ДНК во 2010-та: „Андреј и Панчо беа ЕДНО, многу се смеевме“
- Детали
- четврток, 18 декември 2025
„Имав трема кога седнавме на маса и им го кажав тоа и Панчо ми рече да не се секирам дека ќе направиме досадно интервју без проблем. Многу се смеевме. Која енергија ја имаа они двајца, која харизма, они двајца беа ЕДНО.... Барем, повторно се заедно“.

Јелена Спенџарска повеќе години наназад ја гледаме на нашите ТВ екрани и таа одлично се снаоѓа во секој ТВ формат.

Таа сега на својот Инстаграм профил се потсети на почетоците кога правела интервјуа со македонски познати личности, поточно се потсети на првото интервју со ДНК, направено пред 15 години.

Вели дека Андреј и Панчо буквално биле ЕДНО и дека знаеле како со шеги и смеа да ја опуштат.

Јелена за првото интервју со ДНК вели:
„Ова го имав заборавено, ме потсети Фејсбук на едно преубаво време кога снимав интервјуа само со музичари и посебно се радував на ова со ДНК затоа што првпат ги запознав во живо и не престанав да се смеам.
Тогаш не беа ни во брак, немаа ни деца и цело време се зезаа на своја сметка.
Се сеќавам јас имав трема кога седнавме на маса и им го кажав тоа (дека првпат снимам со нив) и Панчо ми рече да не се секирам дека ќе направиме досадно интервју без проблем.
Која енергија ја имаа они двајца, која харизма, они двајца беа ЕДНО.... огромна штета за ова што се случи. Барем повторно се заедно“.


С. С. | Црнобело
