„Не ја учев да бидe тивка“ - Миа Перевска дипломираше, татко ѝ Пере од Нокаут и мајка ѝ Александра Спировска горди
- Детали
- вторник, 01 јули 2025
Миа Перевска има неверојатен глас, а сега е и дипломиран аудио инженер. Нејзиниот татко Пере не може да го скрие восхитот. Миа често е придружен вокал на настапите на татко си, а запеа и на свадбата на мајка ѝ, со кошаркарот Милан во февруари 2025-та.

Никола Перевски Пере од Нокаут има 4 ќерки, двете ќерки Миа и Каја од првиот брак и двете ќерки Ирис и Софиа, од вториот брак со сопругата Јована, му се најголема мотивација и инспирација во животот.

Сега, неговата ќерка Миа дипломираше, а тој гордо сподели за успесите на ќерка си на социјалните мрежи. Со нејзините успеси се пофали и нејзината мајка новинарката Александра Спировска.
Mиа дипломираше на Универзитет за аудиовизуелни уметности ESRA и стана аудио инженер.
Инаку, Александра Спировска од февруари годинава е во брак со кошаркарот Милан Димитриески.

На свадбата со Милан во еден миг запеа и нејзината ќерка Миа.
Ова е трет брак за Александра. Од вториот има син.

