„Не ја учев да бидe тивка“ - Миа Перевска дипломираше, татко ѝ Пере од Нокаут и мајка ѝ Александра Спировска горди
Александра и Пере ги обожаваат своите ќерки и се трудат секој слободен миг да го минуваат со нив, па така Александра пролетта се дружеше со нив на патување во Белград, каде беше и сопругот Милан.

Сега, целото семејство има повод за прослава затоа што Миа Перевска, која го наследи музичкиот талент од татко си, дипломираше на Универзитет за аудиовизуелни уметности ESRA.

Прочитајте и Миа Перевска: „За мене музиката е начин на живот, уште од 16 години сум придружен вокал на реномирани музичари“

Пере објави фотографии од дипломирањето и на својот Инстаграм профил напиша:
Дипломираше Миа Перевска
Не ја учев да биде тивка.
Ја гледав со слушалки на глава
и со срце што пулсираше во ритам.
Не од ова време,
не од овој шум.
Денес е дипломиран аудио инженер.
University of Audiovisual Arts – ESRA
Скопје-Париз-Њујорк.
од соништа до диплома.
Таа не го слуша светот,
таа го снима.
Мојата ќерка,
мојот најдобар звук.
