Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или без баба е подобро?“
Бабата може да биде огромна поддршка, и емоционална и практична. Може да понуди раце кога сме исцрпени, топлина кога ни е тешко, и љубов која е посебна и уникатна.

Да, имаше моменти кога со сопругот посакувавме некој да ни ги чува децата барем 30 минути. Или да можеме на раат да се истушираме.
Одморот со баба знае да биде олеснување – кога е поставен правилно.

Јас лично верувам во важноста од градење здраво нуклеарно семејство – со сопствени вредности и ритам. Но, исто така сум бескрајно благодарна за љубовта и поддршката што ја добиваме од нашето пошироко семејство.

На крајот, клучното прашање не е:
„Дали баба е тука?“
туку:
„Како е тука?“
Дали нејзиното присуство нè поддржува или нè контролира? Дали ни дава воздух или ни ја одзема самодовербата?

Нема едно вистинско правило.
Секое семејство си ја пишува својата приказна.

И токму во тие различности, постои вистинската убавина на родителството“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
