Маја Кикириткова, среде кампување во Хрватска, поради болка во увото на синот посети доктор - за преглед ѝ наплатиле 140 евра
- Детали
- вторник, 08 јули 2025
„Лазар од синоќа почна да го боли увото. Денес, отидовме на преглед, каде му направија диши – диши, му го ѕирнаа увото и му препишаа капки за уво. Ни наплатија 140 евра“, ја започнува својата исповед Маја Кикириткова за кампувањето во близина на Ровињ, a ja споделува и политиката на осигурувањето.

Маја Кикириткова со сопругот и двете деца, Лазар (7) и Ева (5), ужива на кампување во Ровињ, Хрватска.

Таа е сместена во кампот „Campsite Polari“, кој се наоѓа во мирно заливче веднаш јужно од Ровињ.
Будење со звукот на море, маслинки и мирис на борова шума, звучи како совршена замисла за одмор, зарем не?

Но, за време на одморот таму Маја се соочи со немил настан, откако нејзиниот син Лазар почувствувал болка во увото и го однела на лекарски преглед.
Таму им наплатиле вртоглава сума, за која вели дека морало да ја платат од џеб, а дури по враќањето дома да побаруваат рефундација на средствата од осигурителната компанија во Македонија.
Објавата на Маја гласи:
„Лазар од синоќа почна да го боли увото. Денес, отидовме на преглед, каде му направија диши – диши, му го ѕирнаа увото и му препишаа капки за уво. Ни наплатија 140 евра.
И да се разбереме, не ме ставајте на клада... Секогаш мислам на сè, па така без осигурување на излегуваме никаде надвор од Македонија.
Имаме осигурување, плативме овде ние, па здравје Боже во Македонија ќе ни ги рефундираат средствата.
Во Грција кога сме имале здравствен проблем, не сме плаќале, само ни барале осигурување и толку – овде е различно“.


С. С. | Црнобело