4 кампови во Хрватска кои се идеални за семејства – кристално море, игротеки и аквапаркови
Камповите во Грција се супер, но овие семејни кампови во Хрватска се на сосема друго ниво - со отворени игралишта за деца под сенка, аквапаркови и забава на вода, внатрешни игротеки со аниматори и работилници, како и вечерно детско диско - звучи идеално за одмор со деца.

Ако не сте од оние кампери кои сакаат да се стационираат на едно место, туку сакате да шетате и да доживувате разни искуства, можеби е време да ја посетите Хрватска.
Покрај многуте кампови со кои изобилува оваа земја, издвојуваме 4 семејни кампови, кои се идеални за одмор со деца, независно дали се помали или поголеми.
Дефинитивно се на поинакво ниво, нудат бројни активности и забава за деца, но и за возрасни, а ќе уживате во кристално чистите води на Јадранот.
Кој камп би го посетиле?
Camping Village Shimuni – Паг
Станува збор за семеен камп со голем број содржини и активности за деца, а се наоѓа на островот Паг.
Познат е по кристално чистото море, долгите и прекрасни плажи, детските клубови за забава и занимација и голем број настани со аниматори кои се организираат за деца.

Во некои месеци се организираат и тематски настани за мали деца (LEGO, суперхерои и сл.), а сместувањата некогаш се и многу намалени во тој период.
Освен парцелите за приколки и шатори, се нудат и мобилни домови, односно сместувања кои можете да ги изнајмите, а изгледаат луксузно опремено.

Адреналински парк, зиплајн, голф и миниголф, спортски терени, забавен парк на вода, детско игралиште и уште голем број занимации за деца и возрасни се достапни во самиот камп.
Boutique Camping Bunja – Брач
На островот Брач се наоѓа мал семеен камп кој нуди вистински островски амбиент.
Со специјална семејна картичка (за семејства со 3 или повеќе деца), кампот одобрува 15% попуст на редовните цени за сместување, а покрај парцелите за приколки и шатори, се изнајмуваат и мобилни домови кои се целосно уредени со она што е потребно.

Освен плажата, има и базен, како и аквапарк за деца во вода, но и игралиште кое се наоѓа под сенка и во ладовина за целодневна игра.
Valamar Camping Istra – Фунтана, Истра
Уште еден семеен камп кој се наоѓа на Истра, а е еден од полуксузните со премиум уредување - содржи голем број активности за деца, од кои голем број се вклучени во примарната цена.
За разлика од другите кампови, освен гумениот забавен парк во море, тука има вистински големи тобогани, како и базени за помали деца со активности соодветни за возраста, но и внатрешни игрални за сите возрасти, каде се организираат работилници со аниматори и уште многу други занимации соодветни за децата, но и за возрасните.

Освен парцелите за приколки, трејлери и шатори, се нудат и мобилни сместувања, како и опција за глампинг шатори.

Campsite Polari – Ровињ, Истра
Ова е забавен и семеен камп ресорт во околината на Ровињ, кој нуди изобилство на природа, активности на отворено за деца и возрасни, покрај чистото море, а и тука, освен плацовите за шатор и приколка, достапни се и дрвени куќарки со базен за изнајмување.

Освен уживањето на плажа под природни сенки, може да уживате во пикник во природа, на ручек во некој од рестораните или пивската градина, додека децата се забавуваат во некои од игралиштата на отворено или базените со забавни активности на вода, но и во спортска рекреација.

М. М. | Црнобело
