Moмче од Росоман ја запроси саканата на место со спектакуларен поглед кон Охридското Езеро (фото)
- Детали
- среда, 09 јули 2025
„Партнерот ми кажа дека сестра му ќе лета со параглајдинг, па треба да ја одведеме на соодветна локација, но всушност таму имал испланирано запросување“, споделува Викторија Миланова (24) од Росоман за CRNOBELO.com.

Желимир Трикиќ (27) од Росоман, дипломиран економист и наскоро магистер по економски науки, ја запроси Викторија Миланова (24) од Росоман, магистер по правни науки, по 10 години врска во Трпејца, Охрид.
За запросувањето Викторија споделува за CRNOBELO.com:
„Беше викенд, Желимир ме зема од дома и тргнавме кон Охрид.
Се сретнавме со неговата сестра и нејзиниот дечко, а денот во Охрид започна со ручек.

Потоа, ми кажа дека сестра му ќе лета со параглајдинг, по во 19:30 часот треба да ја одведеме на соодветната локација.

Така, околу 19 часот тргнавме натаму, а всушност сето тоа било испланирано изненадување за таму да се случи најубавиот момент - запросувањето.

Кога стигнавме на локацијата, видов една празна клупа и предложив да седнеме, но се појави девојче со камера, кое рече дека чека некој да пристигне затоа што ќе им прави фотосесија за 15 минути.

Во тој миг, не знаев дека тие зборови всушност се однесуваат на нашата фотосесија.

Седнав на клупата, ги земав телефонот да направам неколку фотографии од преубавиот поглед, но во тој момент, Желимир застана пред мене, ме погледна и ми го постави прашањето што ќе го памтам засекогаш: „Дали ти, Викторија Миланова, ќе се омажиш за мене?“

Беше неверојатен момент, кој ќе го носам во срцето цел живот“.
