Викторија Јаначковиќ: „Жените денес, за жал, сакаат да покажат дека се големи 'џекови'“
- Детали
- среда, 29 април 2026
„Жени кои немале лошо искуство, кои биле сакани од посилниот пол, немаат потреба да го потценуваат мажот“, вели Викторија Јаначковиќ.

Поранешниот модел, Викторија Јаначковиќ, на која Скопје повеќе од 20 години ѝ е дом, неодамна гостуваше во емисијата „Нешто конкретно“.
Викторија важи за силна жена, со сопствен став, која заедно со останатите гости во емисијата одговараше на прашања поврзани со машко-женските односи, еманципацијата на жените и дали тоа води со дискриминација на мажите, дури и нивна деградација.

„Жени кои немале лошо искуство, жени кои биле сакани, дали било од татковците, од браќата, од вујковците, ајде да кажеме од тој посилен пол, немаат потреба да го потценат мажот.
Во денешно време, за жал, жените сакаат да покажат дека се големи „џекови“ и сето тоа, што е сосема во ред за мене, меѓутоа губат на она - на нежност, на емпатија“, вели Јаначковиќ.

За потсетување, Викторија е самохрана мајка, која на 41 година ја доби ќерката Никита и постојано истакнува дека таа е нејзиниот свет.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело