Сања Ристиќ го исполни сонот на синот да влезе во соблекувалната на Барса: „Мислеше одиме во Грција, се тресеше од возбуда“
- Детали
- среда, 09 јули 2025
„За него остварен сон, за мене експлозија од градиве да сведочам колкава искрена може да биде детската радост, со воздишки, со солзи, со тресење на устето, со возбуда да не може да се смири! Јас се изнаплакав од среќа“, вели Сања, која тајно организираше патување во Шпанија за себе и синот Иан (9).

Сања Ристиќ му го исполни најголемиот детски сон на својот син Иан, кој е огромен фан на ФК Барселона.
Таа тајно организираше патување до каталонскиот град и посета на Камп Ноу, стадионот на кој игра овој клуб.

Неколку дена пред патувањето Сања откри дека Иан 2 години постојано повторувал дека му е животна желба да отиде на стадионот, да влезе во соблекувалните на играчите, да види каде играат и тренираат тие.
Таа, сега конечно реши да му ја исполни желбата и го одведе на патување од соништата, со измама дека летаат кон Грција.

Уште од пристигнувањето на аеродромот, таа почна да објавува фотки и видеа од Иан кој постојано ја прашува каде одат, очигледно не сакајќи да ѝ поверува во приказната за Грција.
Сепак, во текот на летот, тој дознал дека крајната дестинација е Барселона и не можел да поверува, иако, Сања се надевала дека никој нема да му го уништи изненадувањето и ќе му каже дури откако ќе слетаат во Шпанија.

По неколкуте идилични дена за мајката и синот, во кои Иан уживаше во секој момент од посетата на фудбалскиот комплекс, а таа во шопингот (со шега дека посетила неколку знаменитости), сега Сања објави видео на својот Инстаграм и сподели уште повеќе моменти од нивното дружење.

„Неговиот најголем сон, сон за кој зборува со години, сон во кој сонува да ја допре тревата, да ја види соблекувалната, да го види Camp Nou, да почувствува каде дишат фудбалерите на Barca - остварен!
Спремно изненадување, му беше кажано дека одиме во Грција и дозна во авион од разгласот каде оди пред да слетаме, ме издадоа!

За него остварен сон, за мене експлозија од градиве да сведочам колкава искрена може да биде детската радост, со воздишки, со солзи, со тресење на устето, со возбуда да не може да се смири!
Јас се изнаплакав од среќа, се надевам ќе ве разнежам и вас.
Благодарност до небо за сè што ни пружа овој живот“ - напиша таа.

Повеќе фотографии во продолжение:

