Хелена Роза за Зоки Фаци во документарецот: „Девојки го искористуваа за кариера и да се омажат добро - не знам дали му помогнаа на крај“
Внуците се сеќаваат на растењето покрај својот познат вујко и неговата позната реченица „Срцки, на крај на денот сè е шоу бизнис“.

Стефан, пак раскажа дека кога почнале да работат заедно, бидејќи немал многу гардероба и често се облекувал во исто, Зоки го нарекол „нискобуџетен“ - уште една фраза што сакаше да ја користи често на шега.
Тука се и приказните како ја донел Брена да пее во познат скопски локал, како секој ден ѝ пишувал пораки на Мадона и ѝ „се лутел“ што не му одговара, за љубовта кон коњите...

Но, освен забавните, тука се и моментите кои ќе ве разнежат.
Неговите внуци, но и Стефан, велат дека Зоки долго време не ја сфаќал сериозно болеста.

Стефан открива дека Зоки, иако биле блиски, не му кажувал ништо и дека само на неколку месеци пред смртта му открил колку е сериозно и дека треба да оди на хемотерапија.
Неговиот внук, Виктор, пак, бил со својот вујко на еден од последните лекарски прегледи.
„Го праша докторот: ‘Дали ќе живеам’?, а лекарот ме погледна мене, ама ме погледна толку жално, што сфатив дека не е океј работата“ - се сеќава тој.

Погледнете го целиот документарен филм:
А. Ј. | Црнобело