Јана Стојановска емотивно се потсеќа на починатиот татко Ненад: „Ти и јас напред у кола, Bijelo Dugme на касета – никој уште не те надмина“

„Позади Ана и мама... ти и ја напред у кола... пука Bijelo Dugme на касета, идеме за Белград...“ – напиша Јана Стојановска на 27-годишнината од смртта на нејзиниот татко, легендарниот актер Ненад Стојановски.

jana-stojanovska-emotivno-se-potsekja-na-pochinatiot-tatko-nenad-ti-i-jas-napred-u-kola-bjelo-dugme-na-kaseta-nikoj-ushte-ne-te-nadmina-01.jpg

Денес се навршуваат 27 години откако легендарниот актер Ненад Стојановски, прерано го напушти овој свет, а зад себе ги остави сопругата Силвија и ќерките Јана и Ана, три прекрасни актерки.

Јана имала 13 години кога нејзиниот татко починал, а нејзината сестра Ана 9, но иако биле мали, се сеќаваат на моментите поминати со него.

Сега Јана објави стара фотка од Ненад и носталгично си ги наврати спомените:

„Позади Ана и мама... ти и ја напред у кола... пука Bijelo Dugme на касета, идеме за Белград... Никој уште не те надмина само да знаеш... Фала ти што правиш да е лесно никогаш да не заборавам која сум и од каде доаѓам... 27“.

Таа често објавува фотки со него и се потсеќа на него, не пропуштајќи шанса да каже колку била горда на него. 

jana-stojanovska-emotivno-se-potsekja-na-pochinatiot-tatko-nenad-ti-i-jas-napred-u-kola-bjelo-dugme-na-kaseta-nikoj-ushte-ne-te-nadmina-04.jpg

Прочитајте и Јана Стојановска со тон емоции за татко ѝ Ненад Стојановски: „Гледам во небото и се гордеам со тебе, иако те нема 25 години“

За потсетување, Ненад Стојановски на 45-годишна возраст починал ненадејно на 14 јули 1998 година во Скопје, а беше познат театарски, филмски и телевизиски актер.

jana-stojanovska-emotivno-se-potsekja-na-pochinatiot-tatko-nenad-ti-i-jas-napred-u-kola-bjelo-dugme-na-kaseta-nikoj-ushte-ne-te-nadmina-02.jpg

Го паметиме по улогите во „Диво месо“, „Трст виа Скопје“, „Бушава азбука“ и уште многу други филмови, серии и театарски претстави. 

Тој бил пример за колегите, кои ден-денес се сеќаваат на него и пишуваат само добри зборови за неговиот лик и дело.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана, наша стјуардеса во Дубаи, за CRNOBELO: „На 20 минути од мојот дом има американска база, куќата ... „Кога се случи првиот ракетен напад бев дома, само што слетав назад од Цирих. Ко...
Ана Стојанова се огласи од болница во Грција: „Имав напад на слепо црево и ме задржаа“ „Ми дадоа инфузија, јас спремна да одам, ми викаат да ти го провериме стомакот, ...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Васка Леонтиќ: „Моето дете е од донор – плачеше затоа што немаше кој да ја носи на 'ушка' како други... „Koга матичарот ме праша за презимето зетот само рече 'Јас ќе го земам нејзиното...
Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...

Најчитани неделава