Јана Стојановска со тон емоции за татко ѝ Ненад Стојановски: „Гледам во небото и се гордеам со тебе, иако те нема 25 години“

„Не ми треба ништо друго во животот од тоа кога ќе ме нема моите деца да се чувствуваат толку горди на мене како јас сега на тебе, иако те нема веќе 25 години. Најчовек еден“, напиша актерката Јана Стојановска и сподели емотивно видео за својот починат татко, Ненад Стојановски.

jana-stojanovska-so-ton-emocii-za-tatko-i-nenad-stojanovski-gledam-vo-neboto-i-se-gordeam-so-tebe-iako-te-nema-25-godini-01.jpg

Актерката Јана Стојановска Черенко со емотивна објава за нејзиниот починат татко Ненад Стојановски ги разнежни пријателите кои ја следат на Инстаграм.

Јана сподели кратко видео од претставата „Брод плови за Београд“, која се игра во „Ателје 212“ во Белград.

Па додека таа ја пее „Ако одам во Битола“, на филмско платно во позадината се појавува фотографијата на еден од најголемите македонски актери, Ненад Стојановски.

„Си одам накај дома после претставата ‘Брод плови за Београд’ во Ателје 212, гледам во небото и си мислам: ‘Браво бе тато... ама репери постави’. Не ми треба ништо друго во животот од тоа кога ќе ме нема моите деца да се чувствуваат толку горди на мене како јас сега на тебе, иако те нема веќе 25 години. Најчовек еден“, напиша таа.

Јана е сестра на познатата актерка Ана Стојановска, која деновиве воодушеви на Филмскиот фестивал во Сараево, а ќерка на актерите Силвија и Ненад Стојановски.

Таа беше мала кога почина нејзиниот татко, но често објавува негови фотографии на својот Инстаграм, во знак на сеќавање.  

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Ирена, мајка на 3 деца, од кои едно со аутизам: „Син ми ми кажа: ‘Јас не сум аутистичен. Јас сум нор... „Денес Кан ми рече: „Јас не сум аутистичен. Јас сум нормален“. И не го поправив,...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...

Најчитани неделава