Стефан од Некст Тајм се ожени со саканата – Тинеа блесна во елегантна венчаница со тантела (фото)
- Детали
- недела, 20 јули 2025
Околу една година по свршувачката, Стефан Филиповски од Некст Тајм и неговата долгогодишна партнерка Тинеа направија свадба. Претходно тие се венчаа во Соборниот храм во Скопје.

Вчера (19.07) Стефан Филиповски и неговата сакана Тинеа направија свадба.
Тинеа носеше елегантна венчаница украсена со тантела, додека Стефан се одлучил за црн костум и вратоврска пеперутка.

На прославата, Стефан ги изненади гостите и со свој мини концерт.

Претходниот ден, вљубениот пар направи црковна венчавка во Соборниот храм во Скопје.

За венчавката во црква, Тинеа носеше бел фустан со тул во комбинација со сандали, додека Стефан беше во костим во комбинација со патики. Вечерта, пак, прославија во локал.


Стефан и Тинеа се заедно веќе неколку години, а се свршија минатиот мај.
Повеќе фотки од прославите:

