Исповед на Македонка: „Сопругот ми почина кога имав 29 години, имав 2 мали деца, но се изборив како самохран родител“
Со ова искрено обраќање сакав да ја занемарам таа вечна потрага по совршеното на социјалните мрежи.
Сакав да потсетам дека сите ние сме повеќе од она што го носиме, шетаме, покажуваме.
Секој од нас носи слоеви приказни некои тивки, некои гласни, некои болни.

Имаме денови кога се распаѓаме и вечери кога тивко се составуваме парче по парче“.
И токму тие невидливи борби нѐ прават луѓе, не облеката.
Но, пак, нели... толку често решаваме да го покажеме само убавото, само светлото.
А што ако токму тоа е највистинското?

Овој профил полека ќе станува повистинит.
Да, ќе има МНОГУ МОДА, но и:
Родителство без филтри
*** Самохрани родители и секојдневниот тетрис што го играме
Храброста да почнеш свој бизнис
Независност (посебно економска – на здравје за тоа!)
Жонглирање со 398 работи одеднаш.. и притоа да не си 100% сигурна дали си измила коса или садови.
Ако си тука за совршенство слободно отследи ме (unfollow),
Ако си тука да ѕиркаш супер, уживај,
А ако сакаш да прашаш, споделиш или само да си кажеш „и јас така!" - ТУКА си.

Ќерка ми Хелена: Мама, имаш толку содржински живот и добро и лошо, но сѐ е некако склопено во една преголема приказна.
Секој ден што го живееш носи некоја поука што нѐ учи и нас.
Единствено што ќе ми биде жал е ако некогаш стигнеш до некоја ДЕМЕНЦИЈА (сите кои ја знаете Хелена ѝ го знаете бруталниот хумор) да мора ние, да ти раскажуваме што си врвела низ животот.
Затоа што твојата приказна е вредна. И вреди да се памти од тебе и од сите нас“.




С. С. | Црнобело