Манекенката Елена Ѓорговска ужива во летото - приватни авиони, луксузен одмор на Миконос, забави со другарките
- Детали
- недела, 27 јули 2025
Елена одморот го поминува помеѓу џет-сетот на Миконос, се вози со лимузина, споделува фотки од луксузните плажи на островот и дружењето со другарките.

Една од најзгодните манекенки во Македонија, која гради интернационална кариера, Елена Ѓорговска, во моментов е на луксузно летување на Миконос.
Таа одморот го поминува помеѓу џет-сетот, се вози со лимузина, оди на луксузни плажи од каде што споделува фотографии на Инстаграм.


Елена објави и фотографија на која е со три другарки, со кои се забавува на летувањето.

Манекенката од Струга плени со својата убавина, но и стилот, па следбениците на социјалните мрежи не остануваат имуни на она што го гледаат и постојано ѝ делат комплименти.


А Елена, се чини ужива во секој момент што ѝ го носи летото - патува со приватни авиони, често е на егзотични локации и сето тоа го споделува на Инстаграм.

