Раскошната моминска забава на Јована од Свети Николе - со тема бисери и шампањ во вила во Охрид (фото)
- Детали
- вторник, 29 јули 2025
„Уште на пат до Охрид имавме персонализирани шишенца вода, а кога пристигнавме секоја од девојките ја чекаше кутија со ноќница, стегач за коса, масло против целулит, млеко за тело и сет за итни случаи, имаа и по 5 картички...“, споделува Јована од Свети Николе за својата моминска забава за CRNOBELO.com.

Петар од Прилеп по 10 години врска ја запроси Јована од Свети Николе во 2023-та година на јахта со огномет во Истанбул, а сега парот брои денови до свадбата, која ќе биде во септември.
Но, во меѓувреме Јована имаше уникатна моминска забава во вила во Охрид со своите пријателки.
За моминската забава таа споделува за CRNOBELO.com:
„Темата на моминската беше „PEARLS and PROSECCO“ (бисери и просеко) и истата ја правевме во вила во Охрид.

Ја замисливме како едно патување на кое што единствена обврска ни е да си поминеме убаво.

Навистина внимававме на сите детали и гледавме колку што можам да останам уникатна во секој поглед.

На другарките им направив имагинирани пасоши и карта која што ќе ја имаат на целата моминска.

Имавме персонализирани води уште кога тргнавме за Охрид.

Девојките имаа единствена задача, а тоа беше да го испочитуваат дрес кодот за моминската, за кој што добија инструкции претходно.

Пристигнавме сите во вилата и таму секоја од девојките ги чекаше персонализирана кутија со нивните имиња, така што секоја од нив си имаше свое место за седење....

Се забавувавме и се чувствуваше онаа силна женска енергија. А за да биде уште поинтересно покрај тоа што во кутиите имаа ноќница, стегач за коса, масло против целулит, млеко за тело и сет за итни случаи, имаа и по 5 картички на кои што секоја од нив требаше да одговори според своите видувања и очекувања, па така имаа картичка „guess the dress“, предвидувања за свадбата, кој колку ме познава и слично.

