Инфлуенсерката Марис направи кул забава за 30-тиот роденден - доби табла чоколадни јајца, блеска во бело (фото)
- Детали
- четврток, 31 јули 2025
Од Јелена Спенџарска и Елена Најдоски, до Калтрина Круезиу, Октај Сејди, Дарко Влогс, Лара Иванова - многу јавни личности се забавуваа на роденденот на нашата инфлуенсерка Марис Џолин, која пред забавата сподели провокативни фотки во розова долна облека и торта.

Инфлуенсерката Марија Илиева, позната како Марис Џолин, го прослави својот 30-ти роденден.
Таа направи голема забава во скопски локал, а меѓу гостите беа многу нејзини пријатели, но и инфлуенсери, музичари, модели, фотографи.

За роденденот Марис избра бел краток фустан во комбинација со бели салонки.
Одлично се забавуваше и не ја симна насмевката од лицето, а потоа на својот профил на Инстаграм објави фотографии и видеа од забавата.

На една од фотките таа држи голема табла со киндер-јајца, симболичен подарок од пријателите за нејзините 30 години.

Роденденската торта беше на 2 ката со 30 розови свеќички, а декорацијата на тортата беше едноставна - бело-кафеава, во вид на животински принт.

Претходно, Марис на Инстаграм сподели провокативни фотки, на кои е во секси долна облека со торта и позира заводливо, но и кратко видео со роденденската торта.
„Почнува сезоната на Лавот и тоа се гледа“ - напиша таа на Инстаграм.

Погледнете повеќе фотографии од забавата на Марис и роденденската фотосесија:






