Драстична трансформација на брачен пар од Струмица: Таа ослабела 88kg, a тој 75kg со операција на желудникот
- Детали
- четврток, 31 јули 2025
Рахилка Лазаров (29) од Струмица ослабе 88kg - имала 165kg, сопругот Јасмин (33) ослабе 75kg – имал 175kg. Парот, кој живее во Швајцарија, сега е пресреќен и живеат нов живот. За CRNOBELO.com ја споделуваат својата приказна...

Рахилка Лазаров (29) од Струмица со сопругот Јасмин Лазаров (33) од Струмица живее во Швајцарија.
Таа цел живот имала проблеми со тежината, но кога се преселила во Швајцарија ситуацијата драстично се влошила.
Откако сите други обиди за слабеење пропаднале одлучила да направи операција за скратување на желудникот, а по неа тоа го направил и нејзиниот сакан.
Таа имала 165kg, а денес има 77kg, тој имал 175kg, а сега има 100kg.

Рахилка ја споделува нивната приказна за CRNOBELO.com:
„Цел живот имам проблем со тежината, но откако се преселив да живеам овде екстремно дојде до покачување на мојата тежина.

Пробав различни методи, но сè беше без успех, сè додека еден ден не сфатив дека ова вака не може и дека морам да се консултирам со мојот лекар што понатаму.

Тој ми предложи за „Sleeve операција“,, односно операција за скратување на желудникот. Иако ми беше страв, прифатив, бидејќи мојата тежина беше 165 килограми.
Тоа го направив на 23.05.2023 година и успеав да намалам 71 килограм за една година.

Секако, не беше воопшто лесно. Многумина сметат дека ќе направиш операција и тоа е тоа, но операцијата е само зафат или средство како да ослабнеш, а сè друго зависи од самиот себе.
Јас добив компликација рефлукс и морав да се оперирам уште еднаш. Сè што јадев и пиев ми се враќаше назад.

Втората операција беше на 01.07.2024 и ослабнав дополнителни 16kg или вкупно 87kg.
Тогаш направив гастричен бајпас.
