Драстична трансформација на брачен пар од Струмица: Таа ослабела 88kg, a тој 75kg со операција на желудникот

Инаку, отсекогаш сум имала проблем со тежината и сум пробувала разни диети.

Се случуваше да ослабам, на пример 7kg и за два месеци повторно ги враќав (јо-јо ефект).

drastichna-transformacija-na-brachen-par-od-strumica-taa-oslabela-88kg-a-toj-75kg-so-operacija-na-zheludnikot-08.jpg

Но, откако дојдов да живеам во Швајцарија, како што споменав се здебелив екстремно.

Добив хипертензија и имав терапија за тоа, потоа и инсулинска резистенција – исто така со терапија, но тежината ми варираше: два килограми помалку, па три повеќе.

Работев со полно работно време, но во последно време веќе не можев да издржам на работа.

drastichna-transformacija-na-brachen-par-od-strumica-taa-oslabela-88kg-a-toj-75kg-so-operacija-na-zheludnikot-06.jpg

Имав висок крвен притисок, и до 190 со 100, и тоа беше клучниот момент кога му се обратив на мојот матичен лекар и му реков дека вака не можам повеќе.

Тој ми кажа дека најдобро е најпрво да поразговарам со нутриционист и да видиме што може да се направи.

Така и направив, но нутриционистката ми рече дека со вакви дијагнози, а имав само 27 години тогаш и тежина од 165kg, најдобро е да се консултирам со висцерален хирург.

drastichna-transformacija-na-brachen-par-od-strumica-taa-oslabela-88kg-a-toj-75kg-so-operacija-na-zheludnikot-12.jpg

Веднаш потоа добив термин со хирургот и се договоривме за операција за скратување на желудникот.

Процесот на закрепнување одеше брзо. Бев многу исплашена, но некако се навикнав на мали, но чести оброци.

Инаку, кожата уште не сум ја оперирала бидејќи чекам да помине уште малку време.

drastichna-transformacija-na-brachen-par-od-strumica-taa-oslabela-88kg-a-toj-75kg-so-operacija-na-zheludnikot-05.jpg

Планирам барем уште половина година, најмалку. Инаку, имам екстремно многу кожа, особено на рацете.

Првите две седмици по операцијата се пијат само течности како протеински шејкови, чај и вода. Потоа, од третата седмица се воведува кашеста исхрана.

А по четвртата седмица се јаде ситно сечкан варен зеленчук и месо, и тоа во многу мали количини.

Тоа навистина психички е тешко да се прифати, но со тек на време станува нормално.

drastichna-transformacija-na-brachen-par-od-strumica-taa-oslabela-88kg-a-toj-75kg-so-operacija-na-zheludnikot-13.jpg

Но, суштината на оваа операција не е само да се оперираш и да ослабнеш, туку да ги смениш лошите навики во исхраната и да воведеш спортска активност.

Воопшто не е лесно, но кога би ме прашале дали повторно би го сторила тоа би кажала дефинитивно ДА, бидејќи мене животот ми се смени многу.

Сега не примам никаква терапија, се чувствувам убаво и здраво“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Пајак со тон емоции по исповедта за пелтечењето, а Стефан Лазаров: „Тој поседува сè што треба да има... По емотивната исповед, Пајак им се заблагодари на сите за поддршката... Дечко со...
Стефан Лазаров и сопругата направија откривање на полот на детето - со торта на плажа (видео) Се прегнуваат и бакнуваат на плажа, откако открија кој пол е нивното бебенце. Ст...
Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата ... „Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дур...
Стефан Лазаров ќе стане татко, за CRNOBELO открива: „Дознавме во 7-ма недела“ „Со Марта заедно се јавивме на нашите - требаше да ви ги снимиме реакциите за да...
Стефан Лазаров разочаран од хејт коментарите: „’Аман од тебе’, ‘Фушерај’, ‘Кога се помага не се сним... „Многу сме интересни како луѓе, кога не снимам како помагам, зошто не помагам, б...
Кире Лазаров не сака лицемерие, Каролина - доцнење: Која навика кај луѓето најмногу ги нервира позна... „Ме нервира кога луѓето јадат со отворена уста или џвакаат мастика со отворена у...

Најчитани неделава