Ирина Камилоска прослави роденден - сопругот Павле со љубовна порака, Едина емотивна што станале мајки во исто време

„Годинава заедничката желба ни стана реалност, заедно да си бидеме мајки во исто време. Како што ни се оствари оваа желба, ти посакувам и сите останати да ти се исполнат. Пресреќна сум што овој живот го делам со тебе“ - гласи пораката од Едина Муса, една од најдобрите пријателки на Ирина. 

irina-kamiloska-slaveshe-rodenden-soprugot-pavle-i-isprati-ljubovna-poraka-01.jpg

Планинарката Ирина Камилоска вчера (31.07) славеше роденден.

Таа не откри како го поминала денот, но со сопругот, синот и ќерката беше на Галичник, каде што го поминува поголемиот дел од времето.

Таа на својот профил на Инстаграм, сепак сподели голем број фотографии во вид на роденденски честитки од пријателите.

irina-kamiloska-slaveshe-rodenden-soprugot-pavle-i-isprati-ljubovna-poraka-03.jpg

Меѓу првите, јавно ѝ честиташе сопругот Павле Камилоски, кој сподели фотка од хотелско лоби, на која двајцата се стилски усогласени.

„Среќен роденден љубов моја. Те сакам“ - напиша пејачот.

irina-kamiloska-slaveshe-rodenden-soprugot-pavle-i-isprati-ljubovna-poraka-04.jpg

Роденденска честитка Ирина доби и од Едина Муса, која е една од нејзините најдобри пријателки.

„Годинава заедничката желба ни стана реалност, заедно да си бидеме мајки во исто време.

Како што ни се оствари оваа желба, ти посакувам и сите останати да ти се исполнат.

Пресреќна сум што овој живот го делам со тебе. Биди ми најсреќна“ - пишува во пораката од поранешната кошаркарка.

irina-kamiloska-slaveshe-rodenden-soprugot-pavle-i-isprati-ljubovna-poraka-02.jpg

Слична порака Ирина доби и од водителката Снеже Велков, во чија емисија Ирина се запознала со сопругот Павле, и за која велат дека е „виновна за нивната љубовна приказна“.

„Среќен роденден убавино! Врвот не се заслужува - се освојува.

А ти, не само физички, туку и човечки имаш освоено многу врвови, продолжи понатаму!

Сега го имаш најдоброто трио што те бодри!“ - напиша Снеже.

irina-kamiloska-slaveshe-rodenden-soprugot-pavle-i-isprati-ljubovna-poraka-05.jpg

Повеќе фотографии од Ирина:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Едина Муса (33) се пофали, 10 месеци по породувањето: „За ова тело се погрижив јас“ Едина Муса, една од најубавите познати Македонки, си потстрижа шишки, се врати н...
Сестрата на Спире кој почина во Кочани, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам б... „Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, ...
Сопругот на Антониа Гиговска прави склекови со пејачката на грб - Џокер ја одржува фит формата На 25-тиот роденден на Антониа Гиговска, сопругот Џокер романтично ја запроси од...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
Зои Блаж емотивно го слави 1-иот роденден на ќерката, откако пред 7 години ѝ кажаа дека нема да стан... „Ти благодарам што ме избра мене да бидам твоја мајка. Со тебе научив дека најуб...

Најчитани неделава