Перо Антиќ и Сања Ристиќ прославија две години љубов: „Сè уште не знаеме кој е плус, а кој минус“

Со фотографии на Инстаграм, на кои се среќни и заљубени, Сања Ристиќ и Перо Антиќ открија дека слават 2 години во врска.

pero-antikj-i-sanja-ristikj-proslavija-dve-godini-ljubov-se-ushte-ne-znaeme-koj-e-plus-a-koj-minus-01.jpg

На едната фотка позираат со широка насмевка, а на другата Перо ја држи Сања во прегратка, како да е несвесен за околината и да постојат само двајцата тие.

„Две години и сè уште не знаеме кој е + а кој - ама важно љубовта си го одржува балансот“ - напиша Сања во описот на фотките на Инстаграм.

Тие открија дека се во врска минатата година, повеќе од 6 месеци откако почнаа да се гледаат, со фотка на која се возат во автомобил во пижами.

Брзо потоа почнаа да споделуваат фотографии од заеднички патувања, летувања со децата, романтични и забавни моменти поминати заедно.

pero-antikj-i-sanja-ristikj-proslavija-dve-godini-ljubov-se-ushte-ne-znaeme-koj-e-plus-a-koj-minus-02.jpg

Во интервју за CRNOBELO.com, пак, Сања неодамна призна дека кога мислела дека никогаш нема да ѝ се случи љубов, го запознала Перо.

Tогаш ни кажа и дека тој бил похрабар од неа, па прв ѝ кажал дека ја сака.

pero-antikj-i-sanja-ristikj-proslavija-dve-godini-ljubov-se-ushte-ne-znaeme-koj-e-plus-a-koj-minus-04.jpg

Прочитајте и Љубовната приказна на Сања Ристиќ и Перо Антиќ: „Тој прв кажа ‘те сакам’, го запознав кога мислев дека нема да најдам љубов“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Перо Антиќ и Сања Ристиќ прославија годишнина од љубовта во Афитос: „З години со ова ѓаволче“ „Среќна годишнина и уште многу заедно, моја љубов и светлина“, напиша Сања на фо...
Горан Папаз прослави 4 години брак: „Тоа што година и пол не сме спиеле, не значи дека овие години н... „Те сакам бескрајно! Ти си мојата инспирација, мојата принцеза, мојата симпатија...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Сања Ристиќ за љубовниот однос со Перо Антиќ: „Од страв ми молчи, а всушност не ме ни слуша“ Сања Ристиќ искрено проговори дали Перо Антиќ сè уште е алфа маж или го омекнала...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...

Најчитани неделава