Ана Стојанова на одмор на Мајорка се прегрнува со сопругот - по неколку месеци живот во Барселона (фото)
- Детали
- петок, 08 август 2025
„Мојот живот е шпанско село... Никој не го знае мојот нареден потег“, вели Ана Стојанова додека се прегрнува со сопругот во магично шпанско селце на островот Мајорка, по неколку месеци живот во Барселона.

Ана Стојанова веќе неколку месеци привремено живее во Барселона, од каде работи како фитнес онлајн тренер.

Од забави со огномети до релаксација на плажа, таа на Инстаграм со своите следбеници постојано споделува детали од животот таму.

Но, сега таму ја посети сопругот Кире, а оттаму заедно отпатуваа во Мајорка. Парот е во брак 3 години.
Ана сними забавно видео на кое на прашањето „Си најде ли некој Шпанец?“, открива дека таму е со сопругот, кој ја крена во раце.

Прочитајте и Ана Стојанова на меден месец во Занзибар – позира во полутанга бикини, локалци ѝ прават плетенки (фото)
Парот уживаше во малото шпанско село Валдeмоса.
Валдемоса е живописно село сместено во меѓу планината Серра де Трамунтана и Средоземното Море, на околу километри 17 од Палма де Мајорка, главниот град на островот Мајорка, на надморска височина од над 400 метри.

Познато е по својата средновековна архитектура, стрмни калдрмисани улички и камени фасади, заедно со живописните пејзажи.

Во описот на видеото, снимено во ова село, Ана напиша:
„Мојот живот е шпанско село... Никој не го знае мојот нареден потег“.
Кликнете на видеото од магичното шпанско селце што го посети Ана на островот Мајоркa:

