Жарко Димоски и Андреа прославија 5 години брак – тој ѝ подари прстен со 5 дијаманти, па имаа интересна случка

„5 дијаманти за 5 години брак“ – напиша Андреа на фотката од подарокот од нејзиниот сакан, актерот Жарко Димоски, кој ја запроси со прстен во Киндер јајце пред 6 години. Тие прославија во ресторан во Хрватска со синот, додека уживаат во луксуз, а имаа и една интересна случка во моментот кога таа го доби прстенот.

zharko-dimoski-i-andrea-proslavija-5-godini-brak-toj-i-podari-prsten-so-5-dijamanti-imaa-interesna-sluchka-01.jpg

Актерот Жарко Димоски и неговата избраничка Андреа Јосифова прославија 5 години брак, додека се на одмор на островот Раб во Хрватска, откако претходно ја посетија прекрасната Тоскана. 

Тие престојуваат во хотел со прекрасен поглед на море, а оттаму Андреа сподели фотка од свадбата и нивниот уникатен аутфит.

zharko-dimoski-i-andrea-proslavija-5-godini-brak-toj-i-podari-prsten-so-5-dijamanti-imaa-interesna-sluchka-02.jpg

„Поминаа 5 години од овој ден. 5 години во брак, 8 години заедно. Засекогаш!“ – напиша таа.

zharko-dimoski-i-andrea-proslavija-5-godini-brak-toj-i-podari-prsten-so-5-dijamanti-imaa-interesna-sluchka-04.jpg

Подоцна во текот на денот, парот ја славеше љубовта во ресторан, заедно со нивното синче Вито, кое ги придружува секаде и на сите патувања, а наскоро ќе полни 2 години.

zharko-dimoski-i-andrea-proslavija-5-godini-brak-toj-i-podari-prsten-so-5-dijamanti-imaa-interesna-sluchka-03.jpg

Таму парот наздрави за 5-годишнината, а Андреа се пофали со подарокот кој ѝ го дал нејзиниот сакан – прстен со 5 дијаманти.

„Слатко изненадување, 5 дијаманти за 5 години“ – напиша таа на фотографијата од прстенот кој блеска во кутија.

zharko-dimoski-i-andrea-proslavija-5-godini-brak-toj-i-podari-prsten-so-5-dijamanti-imaa-interesna-sluchka-05.jpg

Освен што се изненадила од подарокот, таа сподели интересна ситуација која се случила во истиот момент кога го добила прстенот.

На Инстаграм Стори објави фотографија од пар во ресторанот и напиша:

„Интересно е како работи Универзумот. Во моментот кога го добив прстенот, овој пар се сврши. Брзо скокнав за да ги фотографирам овие вљубени гулапчиња и нивниот момент“.

zharko-dimoski-i-andrea-proslavija-5-godini-brak-toj-i-podari-prsten-so-5-dijamanti-imaa-interesna-sluchka-06.jpg

Инаку, Андреа и Жарко стапија во граѓански брак во Ровињ, Хрватска во 2020-та среде корона, а по неколкупати откажување на свадбата заради протоколите, во 2022 конечно ја направија свадбената церемонија.

Двајцата обожаваат патувања, а иако одат на егзотични дестинации како Малдиви, каде на почетокот на годината уживаа со синчето, тие често се и во Хрватска, бидејќи Жарко е половина Хрват.

Прочитајте повеќе: Андреа Јосифова за бракот со актерот Жарко Димоски: „Ме запроси со киндер јајце, свадбата ја презакажавме трипати, во Италија беше магично“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Жарко Димоски со семејството повторно на Малдиви: „Истото место, истите денови, нова година“ „Момчињата ќе бидат момчиња“, напиша сопругата на актерот, на кои Жарко игра фуд...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...

Најчитани неделава