Маја Панчева, Љупка Митрова – Познати македонски дами кои летово позираа без грам шминка (фото)
- Детали
- недела, 17 август 2025
Катарина често знае да прошета без грам шминка, Тијана Дапчевиќ на одмор се покажа во целосно природно издание, Ана Стојанова ги покажа пегите додека ужива на Мајорка - познати македонски дами кои не се срамат да го покажат своето лице и блескаат со својот природен изглед.

Во свет кога природниот изглед ретко доаѓа до израз, покрај куп шминка и безброј филтри и ефекти, навистина е изненадување кога ќе ги видиме и познатите дами во такво издание.
Иако голем дел од нив сакаат да го одморат лицето од шминки и немаат проблем да се прошетаат природни и низ град, повеќето ова го практикуваат кога се на одмор.
На социјалните мрежи голем број познати дами гордо го покажаа својот природен изглед додека уживаат покрај плажа или на планина.
Погледнете кои Македонки летово позираа без шминка:
Љупка Митрова

Маја Гроздановска Панчева

Антониа Гиговска

Ана Стојанова

