Елена Најдоски на хедонистички одмор во Грција - го гледа вљубено сопругот, се сонча на глисер (фото)
- Детали
- вторник, 26 август 2025
„Драго лето, ти си ми омилено“ - напиша Елена и сподели фотки од хедонистичкиот одмор во Грција, каде што помина поголем дел од летото.

Елена Најдоски го живее летото од соништата - таа постојано патува, се забавува, а кога е во Скопје работи на кампањите со брендовите со кои соработува.
Некогашната водителка и инфлуенсерка не крие дека летото ѝ е омиленото годишно време, а со последните фотографии што ги сподели на Инстаграм, го покажа токму тоа.

Таа објави фотка со сопругот Бојан на која се гледаат заљубено, но и од неколку моменти во Грција кои ѝ го обележаа летото.
Елена се забавува со пријатели, ужива на плажа, со сопругот се возат на глисер...

Сето ова го дополни со својот препознатлив моден стил - шешир или марама на главата, интересен накит, впечатливи чанти и облека која ѝ стои одлично.
„Драго лето, ти си ми омилено“ - напиша таа.
Погледнете ги фотографиите:






