Британски турист се вљуби во Македонија и сакаше да плови по Вардар, но заглави во купишта отпадоци: „Ова е цунами од ѓубре“
- Детали
- среда, 27 август 2025
„Ова буквално е цунами од ѓубре како што можете да видите. Ќе се обидеме повторно, но ќе тргнеме да пловиме од Скопје“, вели Ричард Хејвард од Велика Британија, кој тргна да плови по Вардар од Гостивар.

Британскиот јутјубер Ричард Хејвард, креатор на каналот @SideQuestMerchant заедно со двајца своите пријатели, веќе неколку месеци живее во Македонија, поточно од 9-ти јуни.
Тој вели дека сосема случајно дошол тука и веднаш се вљубил во земјата, па се враќал одново и одново, а летово одлучил и да живее тука извесен период.
Ричард смисли забавна мисија да плови по реката Вардар, почнувајќи од Гостивар, па до Грција, но таа заврши неславно.

Сепак, младиот Британец кој сними видео со својот пријател во кое објаснува дека мисијата била сопрена поради купиштата ѓубре, вели дека не се откажува.

Британскиот јутјубер за време на првиот ден од пловењето кон Гевгелија започнал кај Гостивар, поточно кај селото Желино, и веднаш заглавил поради купишта ѓубре во реката Вардар.

„Ова буквално е цунами од ѓубре како што можете да видите. Утре ќе се обидеме повторно, но ќе тргнеме да пловиме од Скопје“.
Што значи дека неговиот втор обид за пловење ќе биде од Скопје, па останува да видиме како ќе помине тој.
Во меѓувреме тој беше дел од мисија за расчистување на отпад oд Вардар, во координација со екипата на подкастот на Лазаров.


Погледнете го видеото од мисијата за расчистување отпад:
С. С. | Црнобело