Калиопи емотивна за роденденот на бившиот сопруг Ромео Грил - му честита со ретро фотки (видео)
- Детали
- понеделник, 01 септември 2025
„Маестро Ромео, среќен роденден! Како вистински диригент на својата приказна, нека секој ден ти свири во најубав ритам - со хармонија на здравје, мелодија на среќа и акорди на љубов и успех. Продолжи да инспирираш и да создаваш моменти што се паметат“, напиша Калиопи.

Ромео Грил, поранешниот сопруг, на Калиопи, кој денес ѝ е и пријател и музички продуцент, денес слави роденден.

Пејачката пак, која е во одлични односи со него и често знае да каже дека ѝ е меѓу најблиските луѓе во животот, роденденот му го честита преку Инстаграм.

Видеото што го објави Калиопи, содржи фотки и снимки од нив двајцата - од времето кога беа во брак со нови, направени на нејзини промоции, додека работат во студио, од нивни дружења.

„Маестро Ромео, среќен роденден! Како вистински диригент на својата приказна, нека секој ден ти свири во најубав ритам - со хармонија на здравје, мелодија на среќа и акорди на љубов и успех. Продолжи да инспирираш и да создаваш моменти што се паметат“, напиша таа.

За потсетување, Калиопи и Ромео беа во брак во 1980-те години и го имаат синот Пако.

По разводот, Калиопи се омажи со актерот Васил Зафирчев, па иако и тој брак не траеше долго, Калиопи вели дека Васил е нејзиниот најдобар пријател и дека има одлични односи со двајцата бивши сопрузи.

Кликнете и погледнете го видеото со роденденската честитка:
А. Ј. | Црнобело