Јелена Спенџарска: „Значи ЛЕТО е до 22 септември, ве молам прекинете со кожените јакни, мразам есен“
- Детали
- среда, 10 септември 2025
По летото минато во најголем дел на море и кај мајка ѝ дома во Берово, каде вели дека ја чувале како кралица, Јелена Спенџарска се враќа на работа и вели дека го мрази крајот на летото: „Не сакам да звучам депресивно, но во есен сè ми е некако толку жолто и тажно“.

Јелена Спенџарска по летото поминато во најголем дел на море и во своето родно Берово им се врати на работните обврски во Скопје.
Покрај за купиштата облека за перење кои ја чекаат, таа се пожали и за тоа што се наближува есента.

На нејзиниот Инстаграм профил напиша:
„Значи ЛЕТО е до 22 септември, ве молам прекинете со кожените јакни (се мисли на рекламите кои ѝ излегуваат на социјалните мрежи) и оставете нè НА РААТ да си поуживаме ние кои НЕ се брзаме да дојде есента.
Не сакам да звучам депресивно, но крајот на август и почетокот на септември за мене е крајот на годината многу повеќе, отколку што Нова година е крајот на годината!

Сè ми е некако толку жолто и тажно! До вчера бевме на плажа и сè беше толку светло, топло и весело, а сега треба да носам хулахопки?? Ох, не!
Пролет и лето обожавам, ама есен и зима едноставно не се за мене“.

Потоа таа на 09.09 сподели и дека поминале 3 години откако официјално стапнала во нејзиниот стан во Скопје:
„Поубаво не можеше да ми се погоди затоа што 9 ми е омилен број од кога памтам за себе (не знам зошто) плус имам и 9-ка во бројот на станот.
Спомени од 9-ти септември 2022“.

Исто така, Јелена сподели фотографија со мајка ѝ и баба ѝ и напиша дека со вака добра генетика не се плаши како ќе изгледа на подоцнежни години.
