Ана Стојанова по операцијата на слепо црево: „Со уште некој рез на мене како подарок одам понатаму“

„Операцијата помина успешно. Не сакам ни да помислам што ќе се случеше ако тогаш навистина се качев на едрилица, на сред море…“, вели Ана Стојанова и објави ново видео од болница, но сега од Скопје.

ana-stojanova-po-operacijata-od-slepo-crevo-so-ushte-nekoj-rez-na-mene-kako-podarok-odime-ponatamu-01.jpg

Ана Стојанова, која години наназад работи како онлјан фитнес тренер, неодамна заврши во болница во Волос, Грција.

Таа оттаму требаше да исплови на патување со своите клиентки, но за жал нејзината армија, како што си ги нарекува таа самата, исплови без неа, а таа заврши во болница, поради напад на слепо црево.

ana-stojanova-po-operacijata-od-slepo-crevo-so-ushte-nekoj-rez-na-mene-kako-podarok-odime-ponatamu-11.jpg

На почетокот ѝ кажале дека ќе се смири со антибиотици, но потоа испаднало дека навистина ѝ била потребна операција.

По операцијата во Скопје, Ана повторно се огласи со видео, каде вели: „Со уште некој рез на мене како подарок одиме понатаму како ништо да не се случило“.

ana-stojanova-po-operacijata-od-slepo-crevo-so-ushte-nekoj-rez-na-mene-kako-podarok-odime-ponatamu-05.jpg

Во описот на видеото пишува:

„Операцијата помина успешно, пациентот е спасен и веќе е дома.

Не сакам ни да помислам што ќе се случеше ако тогаш навистина се качев на едрилица, на сред море…

Планиравме да испловиме во 13 часот од Волос, но нашата едрилица беше готова дури во 17 часот. Додека ние чекавме, другите две веќе одамна беа тргнати.

Сè ова ме потсети дека некогаш токму „задоцнувањето“ е она што нè спасува. Колку и да планираме, не е сè во наши раце…

Денес сум само среќна и благодарна што сè заврши добро“.

ana-stojanova-po-operacijata-od-slepo-crevo-so-ushte-nekoj-rez-na-mene-kako-podarok-odime-ponatamu-02.jpg

Кликнете на видеото:

 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана, наша стјуардеса во Дубаи, за CRNOBELO: „На 20 минути од мојот дом има американска база, куќата ... „Кога се случи првиот ракетен напад бев дома, само што слетав назад од Цирих. Ко...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Ана Стојанова се огласи од болница во Грција: „Имав напад на слепо црево и ме задржаа“ „Ми дадоа инфузија, јас спремна да одам, ми викаат да ти го провериме стомакот, ...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава