Една од најубавите Македонки ужива на Миконос - забави во смели креации (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 15 септември 2025
Наташа Петровска, која важи за една од најзгодните Македонки, веќе неколку дена се забавува на летувањето на Миконос, каде што направи и провокативна фотосесија.

Сопственичката на студиото за убавина „Фигурела“, Наташа Петровска, неколку години по ред летува на Миконос.
На грчкиот остров, познат по тоа што тука често летуваат и светските ѕвезди, Наташа лани беше со својата другарка, некогашната манекенка Маја Глигоровска.

Годинава, таа најчесто објавува фотки и видеа на кои е сама, но покажува дека одлично се забавува.
А на фотографиите често доаѓаат до израз и смелите креации што ги носи таа, а кои би се осмелиле да ги облечат само девојки со извајано тело.

Таа направи и фотосесија на островот, во бели каубојки, кратко палто без градник под него и долен дел од бело бикини, па сподели неколку црно-бели фотки на Инстаграм:
„Напиј се, пливај и уживај во бескрајното лето на Миконос“ - напиша таа.

А од следбениците доби пораки дека е прекрасна, преубава, дека гори и дека фотографиите ѝ се ремек дело.
Кликнете за да го погледнете видеото:
Повеќе фотки од одморот на Наташа на Миконос:

