Новинарката Александра Спировска прослави роденден - со сопругот кошаркар и ќерките од бракот со Пере Нокаут
- Детали
- вторник, 23 септември 2025
Александра Спировска славеше со својот трет сопруг, за кој во објави на Инстаграм пишува посвети од типот: „Ти ќе бидеш моето засекогаш“. Со семејството, две торти со кул пораки и насмевка на лицето новинарката славеше и со ќерките Миа и Каја.

Новинарката Александра Спировска го прослави својот роденден со сопругот, кошаркарот Милан Димитриески.
„Милан, љубов моја, ти благодарам за уникатните торти“, напиша Александра.

На едната од тортите ги пишува стиховите: „I’ll stand by you“ („Ќе бидам покрај тебе“) и „Среќен роденден Александра“, а на другата „Вештерките не стареат“.


За Александра ова е трет брак. Таа претходно беше омажена со Пере од „Нокаут“ со кого ги има ќерките Миа и Каја, а во вториот брак го доби синот Вилен.

Александра и Милан се свршија на крајот на 2022, а сега направија црковна венчавка и свадбена прослава во февруари 2025.

Повеќе роденденски фотографии:

