Јулија Мациевска го разбуди детето во себе на летување во Грција: „Кај и да најдам лулашки се лулам“
- Детали
- недела, 28 септември 2025
„Денеска и малку детски лудории. Си се лулав на лулашки, ги обожавам. Кај и да налетам на нив, бетер сум од децата - мора да се лулам“, напиша Јулија, која замина на летување во Грција на крајот на септември.

Пејачката, новинарка, писателка и мотиватор, Јулија Мациевска е на летување во Грција на почетокот на есента.
Таа го избра крајот на септември за да се одмори по бројните активности кои ги имаше цело лето, а кои завршија на 16 септември, кога Јулија ја промовираше книгата „Јас сум жива“, посветена на нејзината ќерка уметницата Андријана, која пред 3 години ја загуби битката со ракот.

Книгата пред неколку години почна да ја пишува Андријана, а Јулија ја заврши, па ова е, всушност, заедничко дело на мајката и ќерката.
Откако помина промоцијата, на која Јулија го претстави и портретот на кој самата ја наслика ќерка си, реши да се одмори во Никити, на вториот крак на Халкидики, и да ги наполни батериите.

Од летувањето во Грција, на Фејсбук секојдневно споделува фотографии и видеа и споделува колку ужива, но најмногу внимание кај нејзините следбеници привлекоа фотките на кои Јулија се лула на лулашка.
„Денеска и малку детски лудории. Си се лулав на лулашки, ги обожавам. Кај и да налетам на лулашка, бетер сум од децата. Мора да се лулам - радости“, напиша таа.

„Добро е ако во нас возрасните останува и малку дете“,
„Убави мигови кога ќе го разбудиш детето во себе“,
„Детето во нас треба да си го чуваме, тоа нè прави среќни, со верба и надеж во животот“ - се дел од коментарите.
Погледнете повеќе фотографии:







Прочитајте и Јулија Мациевска за CRNOBELO: „Не излегов од дома една година откако Андријана замина во вечноста“
А. Ј. | Црнобело