Горди сме! National Geographic го откупи новиот филм на Тамара Котевска, откако беше прогласен за кандидат за Оскар
- Детали
- среда, 24 септември 2025
Во емотивна објава, талентираната режисерка Тамара Котевска вели дека отсекогаш сонувала за живот како оној на фотографите од National Geographic. А, фактот што тие го откупија нејзиниот најнов филм, вели е најголема потврда за нејзиниот интегритет како режисерка.

Режисерката Тамара Котевска не запира со успесите. Откако нејзиниот нов филм „Приказната за Силјан“ беше награден на Филмскиот фестивал во Венеција, режисерката откри дека е и кандидат за Оскар.
Вчера, пак, Тамара сподели дека филмот е откупен од страна на National Geographic Documentary Films, еден од најпрестижните дистрибутери на документарни филмови.
фото: Фејсбук
Со емотивна објава на Фејсбук, Тамара сподели дека конечно го живее својот сон:
„Уште откако бев дете, содржините на National Geographic ми беа најголема инспирација. Сонував за авантурите кои фотографите ги имаа на нивните експедиции, се надевав дека еден ден јас ќе има можност да ги истражам световите кои ми беа откриени преку овие храбри објективи.
И, навистина, денес, како бестрашен авантурист, бескомпромисен режисер, се изборив до точка да живеам живот како оние опишани на National Geographic.
Но, мојот филм да биде откупен од нив… навистина е најголемата потврда за интегритетот за кој било режисер на документарци и најголемата исплата за толкуте сурови и многуте болни жртви што режисер како мене, и многу други треба да ги направат за да оживеат приказна.
И оваа приказна, Приказната за Силјан, на многу начини е доказ за издржливоста и посветеноста на правењето филмови, и физичката, и психичката.
Но, на крај, ние живееме за вакви моменти“.
Спирова С. | Црнобело