Две пријателки од Скопје имаат иста тетоважа, која крие цела приказна и спомени: „Поминавме заедно низ сè – од загуби до среќа“
- Детали
- недела, 28 септември 2025
„Со Роберта изминативе 6 години поминавме низ сѐ – од големи загуби, па сѐ до најсреќните моменти. Можеби звучи како клише, но ние навистина низ животот одиме како прави сојузнички“ - вели Сандра од Скопје, која со пријателката пред моминското патување во Италија си направиле заедничка тетоважа на исто место.

Во светот полн со промени, неизвесности и постојана трка со времето, едно нешто останува безвременско – вистинското пријателство.
Тоа е онаа тивка сила што нè поддржува кога паѓаме, и слави со нас кога летаме. Пријателите се нашиот избор од срцето.
Тие се сведоците на нашите најискрени моменти, чуварите на нашите тајни, и огледалата во кои се гледаме токму онакви какви што сме.
Токму таква е приказната за Сандра и Роберта – две најдобри пријателки од Скопје кои докажуваат дека пријателството не познава граници, јазици или потекло.

Роберта е родена во Германија, но животот ја доведе во Скопје токму неколку години пред да ја сретне Сандра.
Тоа не беше случајност – тоа беше планот на универзумот да спои две сродни души. Шест години подоцна, нивното пријателство е посилно од кога било.
„Го знаете она кога две различни приказни, од различни светови, се сретнуваат токму кога најмногу им треба?
Ова е нашата приказна. Би можела со часови да зборувам за тоа колку животот би бил поинаков без вистинските пријатели.
Со Роберта изминативе 6 години поминавме низ сѐ – од големи загуби, па сѐ до најсреќните моменти. Можеби звучи како клише, но ние навистина низ животот одиме како прави сојузнички.
Ова пријателство е доказ дека на некои луѓе навистина им е судено да се сретнат и да пополнат некоја празнина во својот живот“ – вели Сандра.

Пред незабравното претсвадбено патување во Италија, кое Роберта како старосватица го организираше за Сандра, тие направија нешто што засекогаш ќе ти потсетува на нивната приказна – заедничка тетоважа.

На исто место, ист симбол, ист натпис на италијански: „Ricordi in divenire“ – создавање на спомени.

Ricordi in divenire навистина звучи слатко и поетично, речиси како нешто што би го кажале пред да платиме две еспреса во некое мало кафуле во Рим. 🤭 Но, зад тој емотивен натпис стојат шест години кафе-разговори, многу смеа и безброј спонтани патувања.
За Сандра и Роберта, ова е начин да го обележат не само она што го доживеале, туку и едноставниот факт дека понекогаш, доволно е да имаш некој што те разбира. Без големи зборови. Без драма. Само присуство – постојано, тивко и доследно.
