Турчин пронајде утеха во Охрид по разорниот земјотрес во родниот крај: „Ми се сруши зградата, ми загинаа 5 членови од семејството“
До ден-денес немам свој дом. Се селам од место на место.
Немам пари, немам работа, немам стабилност.
Причината поради која дојдов во Охрид минатата година беше на некој начин да се обидам да ја ублажам траумата предизвикана од земјотресот.

Останувањето во Хатај беше неподносливо, чувствував како срцето и умот да ми експлодираат. Морав да побегнам.
Случајно налетав на една статија за Охрид. Изгледаше како мирно место.
Но, немав приход, ниту работа, ниту заштеда. Сепак, решив да ризикувам и аплицирав за кредит во банка.

Мислам дека банкарот почувствува колку длабоко страдам и некако го одобри заемот. Така успеав да дојдам во Охрид.
Се заљубив во градот. Ако некогаш добијам шанса, навистина би сакал да живеам во Охрид.
Во моментов живеам во Хатај. За жал, животот тука е многу тежок после сè што преживеав“.
Kликнете на видеото:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело