Росана Сариќ револтирана: „Жена во нашата зграда собира смет и го запали - полиција влезе насилно во станот“

„Во нашата зграда живее сама жена, живее во смет. Смрдеата е неподнослива, посебно сега кога времето се затоплува. Завчера го запалила сметот во станот, што значи дека претставува и опасност по безбедноста на сите станари“, напиша Росана Сариќ Тодоровска, во надеж дека некој ќе најде решение за проблемот.

rosana-sarikj-revoltirana-zhena-vo-nashata-zgrada-sobira-smet-i-go-zapali-policija-vleze-nasilno-vo-stanot-01.jpg

Пејачката Росана Сариќ Тодоровска, која е дел од нашата музичка сцена повеќе од 40 години, важи за дама која публиката ја обожава.

Кротка, сталожена, насмеана, позитивна, Росана е миленичка на публиката од сите генерации.

Но, поттикната од случка во зградата во која живее со сопругот, актерот Ѓорѓи Тодоровски - Трупче, таа јавно го изрази својот револт на Фејсбук.

Росана откри дека во нивната зграда, која е 18-катница, живее жена која собира секаков смет и во станот и во автомобилот, и дека од сметот се шири неподнослива реа. Ова, вели пејачката, може да предизвика и болести.

Жената пред неколку дена го запалила сметот во својот стан, поради што морала да интервенира полицијата и насилно влегла во станот.

rosana-sarikj-revoltirana-zhena-vo-nashata-zgrada-sobira-smet-i-go-zapali-policija-vleze-nasilno-vo-stanot-03.jpg

За непријатната ситуација, од која за сега не успеваат да најдат решение, Росана на Фејсбук напиша:

„Еве, ние во Карпош 4, во зграда на ‘Никола Парапунов’ дојдовме до лавиринт…

Во нашата зграда живее жена, сама, дотична Х. Живее во смет и со смет во нејзиниот стан.

Смрдеата или ареа, како и да е, е нешто што е навистина неподносливо, посебно сега кога веќе времето се затоплува.

Дотичната Х, сметот во кој живее го собира во станот, а истиот го собира и во нејзиниот автомобил и скоро секојдневно поминува затворена во истиот по некои 3 часа.

rosana-sarikj-revoltirana-zhena-vo-nashata-zgrada-sobira-smet-i-go-zapali-policija-vleze-nasilno-vo-stanot-05.jpg

Завчера, дотичната Х си го запалила сметот во својот стан, што значи дека навистина претставува опасност по општа безбедност на сите станари во зградата.

Полицијата дојде и влезе насилно, но наводно, тие само направија записник и нивните ингеренции се до тука…

Пред повеќе од 1 година реагирано е до Општина Карпош, каде добивме одговор дека и тие не можат ништо освен најблиските роднини на дотичната Х да реагираат и да пријават дека истата таа не е во ред, односно има здравствени проблеми а понатаму да можат институциите да постапат онака како што треба.

Дотичната Х не сака и нема никаков контакт со нејзините блиски.

rosana-sarikj-revoltirana-zhena-vo-nashata-zgrada-sobira-smet-i-go-zapali-policija-vleze-nasilno-vo-stanot-04.jpg

Ајде сега, што да се прави и која институција треба да го реши проблемот кој воопшто не е за занемарување?

Треба ли повторно да се случи пожар за недај боже да има и жртви, треба ли и понатаму да живееме со неподнослива миризба која носи и зараза?

Има ли пилот во авионот? Има ли закон за заштита од болни луѓе по зградиве, и до кога заради една болна личност треба да молчи цела зграда од 18 ката?“

rosana-sarikj-revoltirana-zhena-vo-nashata-zgrada-sobira-smet-i-go-zapali-policija-vleze-nasilno-vo-stanot-02.jpeg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Тони Зен објави прва фотка од ќерката Дена, 6 месеци по нејзиното раѓање - jа носи во кенгур на прош... „Како круна на сето во 2025-та е што на 3-ти декември ни се роди ќерка, Дена се ...

Најчитани неделава