Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фото)
- Детали
- понеделник, 29 септември 2025
„Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и за тортата, беше на Зои. Испадна волшебно и уникатно, буквално мислиш дека си внатре во приказната...“, вели мајката на Зои од Скопје.

Зои од Скопје го прослави својот 6-ти роденден со тематска забава со Снежана и 7-те џуџиња.
Нејзината роденденска бајка вклучуваше и 6-метарска реплика на куќичката на Снежана и 7-те џуџиња.

Мајката на Зои за CRNOBELO.com:
„Годинава не ми беше во план да го славиме роденденот, па во последен момент одлучивме дека сепак ќе славиме.

Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои, а професионалците од Студио Митаноски, како и минатата година така и оваа, само ја оживееја.

Волшебно и уникатно, буквално мислиш дека си внатре во приказната.

Шестметарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња, потоа Снежана, џуџињата, животните, бунарот, масичката, гризнатото јаболко кое чиниш е вистинск, но и вештерката и огледалото, со ефектот од дим машината, предизвикаа воодушевување кај сите.

Секако, имаше и детска масичка со многу подароци за сите деца, плетеа ланчиња со монисти, огледалца и, секако, најважното - црвено јаболко за сите.ж

Ама и тортата одлично се вклопи. Сѐ беше како бајка“.





