Софија Јанева му прослави „половина роденден“ на синот - со половина торта за полнење 6 месеци (фото)
- Детали
- четврток, 31 јули 2025
„Баш кога мислиш дека имаш некаков ред, бебето ќе реши да не спие цела ноќ. Но, и покрај сет хаос знам дека баш вака треба да изгледа среќата“, напиша Софија Јанева на денот кога нејзиниот син полни 6 месеци.

Софија Јанева е една од нашите инфлуенсерки која постојано зборува отворено за мајчинството и за тоа колку и како се променил нејзиниот живот откако го добила синот Матео.
Сега, таа со половина торта, тренд што е хит во светот, му прослави 6 месеци на својот наследник.
На својот Инстаграм профил Софија напиша:
„1/2 way to ONE (На половина пат до 1 година)
Денес Матео прави 6 месеци.
Во овие 6 месеци научив дека со бебе секој ден е комбинација на комедија, акција и малку драма, а сето тоа е режирано од еден мини човек кој сè уште нема ни заби.

Баш кога мислиш дека имаш некаков ред, ќе реши да не спие цела ноќ. Или ќе се заљуби во нова играчка… па утре ќе ја мрази.
Додека јас се обидувам да стигнам да се истуширам или да испијам кафе, тој тренира нови вештини: вртење, седење, лазење, а понекогаш и цела гимнастика пред спиење.

Но, од сите „жанрови“ во овој домашен филм, мојот омилен е кога ќе ми се насмее онака на глас, од срце.

Во тие моменти знам дека баш вака треба да изгледа среќата. И покрај нередот, уморот и сите бебешки драми.
6 месеци љубов, смеа и хаос. И не би го менувала за ништо“.
Прочитајте и „Среќен половина роденден“ - Нов тренд во светот, половина торта за полнење 6 месеци (фото)
С. С. | Црнобело
