Наш пожарникар ѝ прослави пензија на мајка си: „Ѝ подарив приврзок со Мајка Богородица и ја трогнав до солзи - таа ми е сè“
- Детали
- четврток, 29 јануари 2026
„Прославивме роденден и пензија со торта, букет цвеќе, но и приврзок со Мајка Богородица, кој на другата страна ја има буквата „М“ за мене Михаил и за неа Мајка. Ѝ кажав дека во животот само она може да ми суди и ја трогнав до солзи, заедно си легнавме плачејќи. Таа ми е сè и се плашам за нејзиното здравје. Најмногу се радувам што дочека внука“, вели Михаил Караколев (39) од Скопје за CRNOBELO.com.

Михаил Караколев (39), веќе 15 години работи како пожарникар. Оваа професија ја работи посветено и со страст како и првиот ден и вели дека за ништо на светот не би ја менувал, иако е вистинска авантура и не знаете што може да ви донесе денот.

Погледнете и Видео интервју со Михаил Караколев: Како е да се биде... пожарникар
Но, најголемата поддршка, како во животот, така и во професијата, му е неговата мајка Гоца, која сега наполни 62 години, а по повод роденденот и заминувањето во пензија, Михаил ѝ приреди емотивно изненадување.

За CRNOBELO.com Михаил вели:
„Прославивме со торта со свеќички, букет цвеќе, но и приврзок со Мајка Богородица, кој на другата страна ја има буквата „М“ за мене Михаил и за неа Мајка.
Ѝ кажав дека во животот само она може да ми суди и ја трогнав до солзи, заедно си легнавме плачејќи.
Таа ми е сè и се плашам за нејзиното здравје. Пресреќен сум што дочека внука од мене“.

Неговата објава на Инстаграм:
„Бројките се бол
искуството вреди за молк.
Радувај се додека можеш,
ако може,
дај ми ја повеќе што можеш Боже.

Мама е една
еден сум и и јас,
денес е поинаку
повеќемина ѝ даваме глас.

