Маја Глигоровска, една од најатрактивните Македонки, со фотки од впечатливите изданија од одморот во Шпанија
- Детали
- недела, 05 октомври 2025
„Јас сум од оние кои и на викенд патување со себе ја носат вагата. Ако некогаш си дозволам да изедам нешто слатко, похувано и слично, следните 3 дена „се казнувам““, изјави Maја Глигоровска во едно интервју за CRNOBELO.com.

Маја Глигоровска е поранешната мисица и манекенка, која повеќе од деценија и половина години работи како одделенски наставник во училиштето „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

Таа е дипломиран педагог и магистер за односи со јавност на факултетот „Јустинијан Први“ и жена која цело време се надоградува и вложува во себе и својата кариера.
Маја е и мaјка на 18-годишниот Константино, но и дама која многу внимава на негата на лицето и на својот изглед.

Крајот на летото таа го искористи за уживање на одмор во Шпанија, а впечатоците уште ги средува со оглед на фотографиите на нејзиниот Инстаграм профил.
Од бело монокини до впечатливи стајлинзи, Маја блеска во секое издание.

Таа како дестинација ја избра Малага.
Фотки од нејзиниот одмор:




