Маја Андоновска во истата облека од пред 32 години, настапи на јубилејот на СИ-ДО: „Точна ми е, само ракавите се скратиле“

„Ќе настапам и со оригиналните СИ-ДО алишта, поконкретно кошулата и елекот кои ги чував 32 години и сè уште ми се точни, иако сега долгиот ракав станал 3/4“, откри актерката пред да се појави на сцената во Битола.

maja-andonovska-vo-istata-obleka-kako-pred-32-godini-nastapi-na-jubilejot-na-si-do-tochna-mi-e-samo-rakavite-se-skratile-01.jpg

Актерката Маја Андоновска Илијевски, во 1994 година пееше на детскиот фестивал СИ-ДО и тогаш настапи со песничката „Досадна недела“.

На настапот носеше панталони ѕвонарки, бела кошула со карнери на ракавите и црвен елек, а на косата имаше црна панделка.

maja-andonovska-vo-istata-obleka-kako-pred-32-godini-nastapi-na-jubilejot-na-si-do-tochna-mi-e-samo-rakavite-se-skratile-05.jpg

Маја, повторно ја испеа оваа песничка вчера (07.05) во Домот на културата во Битола, на одбележувањето на јубилејот „30 години СИ-ДО“.

А таму, настапија и дел од тогашните деца ѕвезди, кои се денес возрасни жени и мажи.

maja-andonovska-vo-istata-obleka-kako-pred-32-godini-nastapi-na-jubilejot-na-si-do-tochna-mi-e-samo-rakavite-se-skratile-06.jpg

Пред својот настап, преку Инстаграм Стори, Маја откри дека повеќе од 30 години ја чува облеката што ја носела на својот настап, а потоа во неа се појави и на концертот.

„Ќе настапам и со оригиналните Си-До алишта, поконкретно кошулата и елекот кои ги чував 32 години и сè уште ми се точни, иако сега долгиот ракав станал 3/4“, напиша Маја.

maja-andonovska-vo-istata-obleka-kako-pred-32-godini-nastapi-na-jubilejot-na-si-do-tochna-mi-e-samo-rakavite-se-skratile-03.jpg

Таа објави уште една фотка, направена зад сцената на фестивалот во далечната 1994-та, со порака до себе:

„Ова девојче на фотографијата имаше многу соништа. Мирна сум, знам дека не ја разочарав“.

maja-andonovska-vo-istata-obleka-kako-pred-32-godini-nastapi-na-jubilejot-na-si-do-tochna-mi-e-samo-rakavite-se-skratile-02.jpeg

На јубилејот на фестивалот, некогашните деца ѕвезди пееја во придружба на оркестарот DIVA, а публиката можеше да ги слушне „Како ли јас да пораснам“, „Визба стара и гитара“, „Софи, Софија“ и други.

Погледнете го настапот на Маја од 1994 година:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Панчева (52) како да не старее - Прекрасна без шминка, на летување со ќерките во Грција Марија и Надица многу личат на својата мајка, а Маја, пак, делува како за неа, г...
Маја Панчева, Љупка Митрова – Познати македонски дами кои летово позираа без грам шминка (фото) Катарина често знае да прошета без грам шминка, Тијана Дапчевиќ на одмор се пока...
Маја Панчева (53) згодна во бикини, откако откри дека качила 10kg во менопаузата Маја на Инстаграм Стори објави две фотки во црни бикини, додека излегува од море...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...

Најчитани неделава