Потресна приказна од скопските улици вирално се шири: „Стоев на семафор, жена плашливо ме замоли за помош“
- Детали
- петок, 03 октомври 2025
„20 часот! Истура! Автомобилите ги прскаат пешаците! Студи... Стојам на семафор. На метар од мене застанува жена од 50-тина години. Слаба и потресена! Ме погледнува плашливо размислувајќи дали да ми се обрати...“, вели Силвана Бркуљан, а нејзината објава стана вирална - трогнува и допира до срце.

Силвана Бркуљан јавно сподели ситуација што ѝ се случила на скопските улици, а нејзината објава допре многу срца и вирално се прошири.
Таа се соочила со исцрпена жена која имала големи проблеми и потреба од помош.

Нејзината објава на Фејсбук гласи:
„20 часот! Истура! Автомобилите ги прскаат пешаците!
Студи, бидејќи нагло залади, ретко кој од нас е адекватно облечен.
Стојам на семафор, чекам зелено борејќи се со ветерот што ми го витка чадорот! Размислувам за парното и за дефектот во зградата во која живеам.
И одеднаш се случува - живот!
На метар од мене застанува жена од 50-тина години. Слаба и потресена!
Ме погледнува плашливо размислувајќи дали да ми се обрати!
Ја погледнувам и со поглед ја охрабрувам.
Ме прашува:
- „Можам ли да ве замолам нешто?”
- „Повелете”, одговарам!
- „Можете ли да ми купите две банани и од тие дебелите батерии во X маркет?”
За миг останав зачудена. Не побара пари туку конкретни работи и за мене во тој миг неспоиви потребштини!

И велам:
- „Тргнав накај Y маркет, дали може таму да ги купиме?”, ја прашувам. Ми вели:
- „Во X се поевтини!”
За миг размислувам дека ни е одпат, но некое чувство во стомакот ми налагаше дека ќе ја навредам доколку не ја послушам!
Тргнавме во X маркетот. Молчиме и двете! Доаѓаме до продавницата и ѝ велам да влеземе заедно за да ми покаже кои се тие „дебели батерии”.
Ги зема батериите и две банани!
- „Ве молам земете повеќе” и велам! „Земете што и да ви треба”
Ме погледнува и тивко ми возвраќа:
- „Ми треба и леб, ама тој е поскап и го има само во Y маркетот”.
Во стомакот веќе чувствувам големо стегање. Одиме накај Y маркетот. Дождот и студот веќе не го чувствувам! Тивко ми прозборува.

- „Ќерка ми боледува од анорексија! По долга борба конечно почна да се опоравува и сега има 36 килограми. Но храната за неа е многу скапа и специфична!
Јас останав без работа, а и маж ми нè напушти!
