Потресна приказна од скопските улици вирално се шири: „Стоев на семафор, жена плашливо ме замоли за помош“
Ве молам ако знаете некој да бара работничка… барам работа, ама… не можам да најдам! Никој не сака по неколку саата на ден да ме ангажира. А јас морам да бидам покрај неа цело време бидејќи има проблеми со дишењето и со тахикардии! “
Буица на зборови… тешки зборови!
- „Батериите ми требаат бидејќи ми ја исклучија струјата, па имам една сијалица која работи на батерии!“
- „Побаравте ли помош?”, прашувам глупо!
- „Секаде” одговара, „но, не сум пријавена со лична карта во оваа општина”, под кирија сме!“
Влегуваме во Y маркетот. И велам:
- „Ве молам земете сè што ви треба за ќерката”.

Нема да раскажувам што сè зема, бидејќи сето тоа беше многу скромно и во минијатурно количество и покрај моето инсистирање да земе повеќе.
На каса, благајничката ми вели:
- „Ја познавате ли жената?”
- „Не”, одговарам.
- „Доаѓаше неколкупати и бараше работа. Ама не можат да ја вработат бидејќи не може да работи повеќе од неколку часа. Не ја препознав од прва бидејќи е многу ослабната”.
На излезот, ме чека! Ме погледнува и сака да ми се заблагодари! И велам:
- „Госпоѓо, не ми се заблагодарувајте за леб и за лек”.
- „Се заблагодарувам за вниманието. Не знаете колку понижувања доживувам секој ден”.
Го пишувам сето ова од една единствена причина.
Ако некој знае како може да и се помогне на оваа жена, ве молам контактирајте ме во порака и јас ќе ви го дадам нејзиниот контакт!“
С. С. | Црнобело
