Моника Коцарева за CRNOBELO: „Беше надреално да гледам како колекцијата која живееше во мојата глава, оживеа под париските светла“
- Детали
- понеделник, 06 октомври 2025
„Ревијата која се одржа во срцето на Париз беше патување во 19. век. Моментите непосредно пред првиот модел да зачекори на пистата беа мешавина од адреналин и голем фокус за тоа што ќе се случи. Но неколкумесечната работа кулминираше во еден прекрасен, 15-минутен спектакл“, вели за CRNOBELO.com дизајнерката Моника Коцарева.

Нашата модна дизајнерка Моника Коцарева на 2 октомври одржа модна ревија во Париз.
Во хотелот Le Marois, чиј ентериер потсетува на времето на француската аристократија - со многу златни детали, кадифе, кристални лустери, таа претстави 10 фустани, инспирирани од модата во 19-тиот век.


Неколку дена по ревијата, Коцарева конечно ги среди впечатоците, а за CRNOBELO.com, искрено рече дека целото искуство било надреално.
За ревијата, со која ги воодушеви и гостите во Париз, но и македонската јавност, Моника вели:


„Ревијата која се одржа на 2 октомври во срцето на Париз беше повеќе од колекција, тоа беше патување во 19. век со модерна реимпретација, каде секое парче беше доказ на нашата посветеност, на нашата врвна изработка, на совршените кроеви и уникатните дизајни.
Моментите непосредно пред првиот модел да зачекори на пистата беа мешавина од адреналин и голем фокус за тоа што ќе се случи.

