CRNOBELO анкета: Што би направиле скопјани кога би биле избрани за градоначалници на главниот град?
Лидија Нануш
„Селектирање отпад, зелени површини и паркови на секое државно земјиште, стоп за урбаното дивеење“.

Кате Ѓурчиновска
„Прво и основно да се исчисти градот, контејнерите редовно да се празнат.
Јавниот сообраќај да се подобри со набавка на нови и многу автобуси.
Совесно работење по општините и судот.
Ригорозни казни за мито и корупција.
Платите на сите функционери на пола и сите бенефити што ги уживаат да ги нема.
Подобрување на образовниот систем, поголема одговорност на професорите и учителите.
Поголема одговорност на докторите и медицинскиот кадар.
Контрола на новите градби и исправност на целокупната документација“.

Маја Стефановиќ
„Првин би го решила проблемот со јавниот превоз - да биде точен, чист и достоен за превоз на патници. ЈСП е прво нешто кое би го ставила во ред.
Потоа Комунална хигиена, собирањето на отпад во соодветни контејнери и, секако, хигиената на градот.
Екологија и чист воздух, соодветно управување со отпад.
Има многу што да се сработи ама кој сака да работи“.

Прочитајте и Што би направиле познатите Македонци кога би биле градоначалници на Скопје?
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело