Северина се опушти во Скопје пред настапот во Велес - Со пријателите во кафеана, кај Дадар на разубавување
- Детали
- понеделник, 13 октомври 2025
Со момците од својот бенд и придружните вокали, Северина помина убава вечер во познат скопски ресторан - наздравуваше со бело вино, ја покажа полната трпеза со солени специјалитети, а потоа и десертот што го спремиле за нив.

Хрватската ѕвезда Северина викендов беше во Македонија, каде што настапи на Питијада во Велес.
Пејачката која е често кај нас и често вели дека тука се чувствува како дома, овој пат во земјава дојде еден ден пред концертот, а времето го искористи за опуштање во Скопје.

Со момците од својот бенд и придружните вокали, таа помина убава вечер во познат скопски ресторан, од каде што објави видеа и фотографии на Стори на Инстаграм.
Северина наздравуваше со бело вино, ја покажа полната трпеза со солени специјалитети, а потоа и десертот што го спремиле за нив.

Пејачката се пофали и дека имала специјален пречек во хотелот во Скопје.
Во собата ја пречекало чоколадо со музички симболи и зборовите „волим што се волимо“, кои таа ги користи при секоја нејзина објава на социјалните мрежи.

Пред да замине во Велес, таа беше на разубавување кај Дадар, кој ја нашминка како и многупати кога Северина доаѓала во Скопје, а Ангела од неговиот тим ѝ ја направи фризирата.
„Убава и однатре и однадвор. Го работам тоа што го сакам најмногу - шминка и насмевка со најпрекрасната балканска ѕвезда“ - напиша Дадар.
За концертот во Велес, Северина избра кожен корсет со широки панталони и многумина коментираа дека изгледа одлично, како и секогаш.
Погледнете повеќе фотографии:






А. Ј. | Црнобело