Сцени со Панчо од ДНК што болат и ежат - пее песна од Тоше Проески во „Пулс“ во Кочани, една година пред пожарот
- Детали
- четврток, 16 октомври 2025
Светлана Петровска, некогашната сопруга на Мирко Петровски, објави фотографија од неа и Тамара Тодевска со прерано изгубените Панчо од ДНК, Душко Чифлиганец и Мирко Петровски. Огнен Здравковски објави видео како со Панчо ја пее омилената песна на Панчо од Тоше Проески... Сцени што болат.

Панчо беше човек со големо срце, пријател со сите, човек што знае да оддаде почест и да покаже почит.
Па, така беше и со Тоше Проески и неретко од името на ДНК знаеше да каже: „Неговото отсуство секојдневно е сè поприсутно“.
Пееше песни од Тоше од срце и велеше дека македонските музички ремек дела треба да се слават.
Емотивни фотографии и видеа со Панчо од ДНК:
Во клубот Пулс во Кочани во еден глас ДНК со публиката ја пеат песната на Тоше Проески „Громови на душа“, една година пред пожарот
@dnk_mk Во саботата во Кочани, вака звучеше “Громови на душа” ❤️ #foryou #днк #dnk #viral #кочани #kocani #makedonija #македонија #тиктокмакедонија
♬ original sound - DNK / ДНК
Во октомври 2024 ДНК ја отпеаја песната „Громови на душа“ на Тоше Проески и при гостувањето на концертот на Јелена Карлеуша
Тие напишаа:
„Вчера бевме гости на концертот на Карлеуша, и решивме да ја отпееме „Громови на душа“ од незаменливиот и непреболен наш Тоше Проески. Слушнете ја таа емоција и почувствувајте ја енергијата со која сè уште се пеат неговите песни. Затоа е НЕЗАМЕНЛИВ!“
@dnk_mk Вчера бевме гости на концертот на Карлеуша, и решивме да ја отпееме “Громови на душа”од незаменливиот и непреболен наш Тоше Проески.🥹 Слушнете ја таа емоција и осетете ја енергијата со која сеуште се пеат неговите песни. Затоа е НЕЗАМЕНЛИВ 🕊️❤️🩹 #viral #foryou #balkan #днк #dnk #македонија #музика #music #balkantiktok #macedonia
♬ original sound - DNK / ДНК
Пејачот Огнен Здравковски објави видео на кое ја пее со Панчо „Громови на душа“ од Тоше Проески и во описот напиша:
„Твојата омилена стари мој… Немаше ни еден настап да помине а да не ја отпееш… „Светот мој минус тебе во него, она што ќе остане, малку е”… ТЕ САКАМ БРО!“
Панчо од ДНК и придружниот вокал на ДНК, Сара Пројковска, кои прерано ги изгубивме го пеат дуетот „Немир“ на Тоше Проески и Каролина Гочева
ДНК тогаш го објавија видеото и напишаа:
„Неговото отсуство секојдневно е сè поприсутно. Тоше Проески! П.С. Нешто спонтано од архива со нашата Сара Пројковска која е наш незаменлив пратечки вокал и е со нас од самите почетоци. Ова е после настап, на пат кон дома, иако изморени, доста често вака се забавуваме и се потсетуваме на неговите ремек дела“.
Светлана, сопругата на Мирко Петровски, објави фотографија од неа и Тамара Тодевска со прерано изгубените Панчо од ДНК, Душко Чифлиганец и Мирко Петровски

ДНК му оддаваат почит на Тоше Проески

Фотографот Стефан Рахјл сподели фотографии што тој ги направил од ДНК за време на нивните настапи - Легендите никогаш не умираат