Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копакабана во Рио
- Детали
- понеделник, 20 октомври 2025
Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Мама се затрча зад неа ѝ проба да ѝ ја „украде чантата“. Лила, не знаејќи дека тоа е Биг Мама, која се шегува и снима видео, прво се исплаши, а откако се смири, го сподели видеото на Инстаграм Стори, со порака дека има „луда пријателка“.

Лила Филиповска и Биг Мама се на уште едно од нивните заеднички патувања. Откако заедно ги посетија Сингапур, Дубаи, Турција, сега се во Бразил.

Двете водителки и инфлуенсерки уживаат во патувањето на новата дестинација, кое започна на роденденот на Лила во Скопје.

На нашиот аеродром таа доби голема роденденска торта и ги дувна свеќичките, а потоа доби торта и во авионот.

„Роденденот продолжува“ - напиша Лила на фотката на Инстаграм Стори, на која наздравува со бело вино, а потоа откри и дека летаат кон Сао Паоло, но и дека летот дотаму трае 13 часа.

А во Сао Паоло, Лила го проба славниот сендвич „бразука“, омилен на еден од најпознатите светски готвачи, Антони Бордејн.
„Треба да му се верува на Антони“, вели Лила откако го проба сендвичот.

Во Сао Паоло со Биг Мама беа и на самба, но Лила доживеа и мала непријатност.

Додека преминуваше улица, Биг Мама се затрча зад неа ѝ проба да ѝ ја „украде чантата“.
Лила, не знаејќи дека Биг Мама се шегува и снима видео, прво се исплаши, а откако се смири, го сподели видеото на Инстаграм Стори, со порака дека има „луда пријателка“.

Следна дестинација на Лила и Биг Мама е Рио де Жанеиро, а нивната хотелска соба е со поглед на најпознатата светска плажа Копакабана.

Тие утринското кафе го испија со поглед на плажата, а потоа заминаа на туристички разглед на градот и посета на статуата на Исус Спасителот.
„Исполнување на еден сон“, вели Лила.
На патувањето, двете дами уживаат во самба забави, коктели, традиционални бразилски специјалитети, а велат и дека не се изненадени што фудбалот е начин на живот во Бразил.

Притоа, двете изгледаат одлично и се често модно усогласени, па освен што нивните пријатели и следбеници се воодушевуваат на фотките што ги објавуваат, не штедат ни комплименти за нивниот изглед.

Погледнете повеќе фотографии:


